03-12-2015
Обука за креирање средина за учење,,Нашата училница-нашиот свет„
Проект на УСАИД,,Со читање до лидерство“.На обуката присуствуваа наставници и родители.
Обучувач- Проф. Елизабета Томевска Илиевска
Координатор во училиште-Дубравка Гешовска
04-06-2015
Нашите ученици од I - III одделение во „Библиотеката на тркала“ на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ За време на посетата, учениците читаа сликовници, уживаа во аудио дигиталните сликовници и се решаваа интересни математички задачи. Координатор- Дубравка Гешовска

Од 18-05-2015 до 22-05-2015 година
спроведена е проценка на јазичните и математичките вештини кај ученици од трето одделение.
Спроведена е проценка на јазичната писменост со инструментот ЕГРА и проценка на математичката писменост со инструментот ЕГМА кај ученици од трето одделение, од страна на училишниот координатор на проектот- наставникот Дубравка Гешовска и психологот Александра Белчовска.
Како набљудувачи на процесот беа претставници од ДИЦ- Тања Андонова Митревска, и претставник од Педагошки факултет проф. Весна Макашевска
ЕГРА и ЕГМА се алатки со кои се врши процена на индивидуалниот напредок кај ученикот по читање и математика. Беа спроведени со помош на таблет компјутер.
Овие алатки се развиени од страна на УСАИД и спроведени во повеќе земји низ светот.За нивно спроведување беа прилагодени на локалниот контекст,наставна програма и јазик. Работните групи за ЕГРА и ЕГМА беа составени од претставници од Биро за развој на образованието,Државен испитен центар,Педагошки Факултет-Скопје,Институтот за педагогија при Филозофскиот Факултет-Скопје,наставници,педагози и психолози.

01-12-2014 Работилница со наставници и родители
Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ организира работилници за изработка на сликовници во училиштата од првата и втората фаза.
На оваа креативна работилница присуствуваа наставници од одделенска настава и родители на учениците од нижите одделенија.
Презентер на работилницата - Симона Палчевска.
10-09-2014 год ОТВОРАЊЕ НА ДКЦ
Проектот на УСАИД, „Со читање до лидерство“ на 10 септември 2014 год. официјално го отвори реновираниот Детски креативен центар при Младинскиот културен центар - Скопје.
Директорот на Мисијата на УСАИД, г-ин Џејмс Стајн, Раководителката на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“, г-ѓа Сузана Киранџиска, и директорот на МКЦ, г-ин Златко Стевковски, се обратија пред присутните гости и ја пресекоа црвената лента.
Со тоа, Детскиот креативен центар ги отвори вратите за учениците, родителите и наставниците кои сакаат да се вклучат во активности и да користат ресурси за поттикнување на почетната јазична и математичка писменост. Тоа е простор од отворен карактер, каде што наставниците ќе бидат поттикнувани да го дадат својот придонес со позитивни примери од нивната наставна практика.
На отворањето присуствуваа ученици од III-3 одделение и нивниот наставник Дубравка Гешовска.

Од 19-05-2014 до 28-05-2014 година
Проценка на јазичните и математичките вештини кај учениците од второ и трето одделение.
Спроведена е проценка на јазичната писменост со инструментот ЕГРА и проценка на математичката писменост со инструментот ЕГМА кај ученици од второ и трето одделение,од страна на наставникот Дубравка Гешовска и психологот Александра Белчовска.
Како набљудувачи на процесот беа претставници од Фондацијата за образовни и културни иницијативи ,,Чекор по чекор“- Викторија Димитровска, Ана Димовска и Атина Тасевска,професорката од Филозофски Факултет - Елизабета Томевска Илиевска и нејзини студентки, Владанка Урошева, Димитровска, Фисниќе Прапаника,Тања Андонова Митревска и Симона Палчевска.
ЕГРА и ЕГМА се алатки со кои се врши процена на индивидуалниот напредок кај ученикот по читање и математика. Беа спроведени со помош на таблет компјутер. Извршени се 120 проценки.

Од 04-12-2013 до 12-12-2013 година
спроведена е пилот проценка на јазичните и математичките вештини кај ученици од трето и четврто одделение.
Спроведена е проценка на јазичната писменост со инструментот ЕГРА и проценка на математичката писменост со инструментот ЕГМА кај ученици од трето и четврто одделение,од страна на педагогот Маријана Новеска и наставникот Дубравка Гешовска.
Како набљудувачи на процесот беа претставници од Фондацијата за образовни и културни иницијативи ,,Чекор по чекор“- Викторија Димитровска, Ана Димовска и Атина Тасевска.
ЕГРА и ЕГМА се алатки со кои се врши процена на индивидуалниот напредок кај ученикот по читање и математика. Беа спроведени со помош на таблет компјутер.
Овие алатки се развиени од страна на УСАИД и спроведени во повеќе земји низ светот.За нивно спроведување беа прилагодени на локалниот контекст,наставна програма и јазик. Работните групи за ЕГРА и ЕГМА беа составени од претставници од Биро за развој на образованието,Државен испитен центар,Педагошки Факултет-Скопје,Институтот за педагогија при Филозофскиот Факултет-Скопје,наставници,педагози и психолози.
Како набљудувачи на процесот беа претставници од Фондацијата за образовни и културни иницијативи ,,Чекор по чекор“- Викторија Димитровска, Ана Димовска и Атина Тасевска.
ЕГРА и ЕГМА се алатки со кои се врши процена на индивидуалниот напредок кај ученикот по читање и математика. Беа спроведени со помош на таблет компјутер.
Овие алатки се развиени од страна на УСАИД и спроведени во повеќе земји низ светот.За нивно спроведување беа прилагодени на локалниот контекст,наставна програма и јазик. Работните групи за ЕГРА и ЕГМА беа составени од претставници од Биро за развој на образованието,Државен испитен центар,Педагошки Факултет-Скопје,Институтот за педагогија при Филозофскиот Факултет-Скопје,наставници,педагози и психолози.
ВТОРО ИЗДАНИЕ НА Е-БИЛТЕН НА
ПРОЕКТОТ НА УСАИД „СО ЧИТАЊЕ ДО ЛИДЕРСТВО“
15-11-2013 год.
проектни активности-читачка работилница
Читачкиот караван во ОУ,,Блаже Конески“-Скопје. Тони Зен читаше со нашите ученици!
ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ПРОЕКТОТ НА УСАИД „СО ЧИТАЊЕ ДО ЛИДЕРСТВО“
04-10-2013
ОДБРАНИ УЧИЛИШТА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ НА УСАИД „СО ЧИТАЊЕ ДО ЛИДЕРСТВО’’
Фондацијата за образовни и културни инцијативи „Чекор по чекор’’ – Македонија ги објавува резултатите од процесот за селекција на основни училишта кои ќе се вклучат во активностите на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’. Од вкупен број на 190 апликации од основни училишта од 65 општини од сите региони во државата, Комисијата за оцена на апликациите одбра вкупно 60 училишта кои ќе бидат вклучени во проектните активности во 3 фази до крајот на Проектот, и тоа последователно по 20 училишта во секоја фаза. Во продолжение следи преглед на училиштата кои ќе бидат вклучени, по фази.
НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ИМАШЕ ЧЕСТ ДА БИДЕ МЕЃУ ПРВИТЕ 20 УЧИЛИШТА ОД МАКЕДОНИЈА ,ШТО ЌЕ БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО ПРОЕКТНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ПРВАТА ФАЗА НА ПРОЕКТОТ.
КООРДИНАТОР НА ПРОЕКТОТ ВО ОУ,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ“-СКОПЈЕ :
Наставник- ДУБРАВКА ГЕШОВСКА.

11.09.2013 - 25.09.2013
НОВ ПРОЕКТ НА УСАИД „СО ЧИТАЊЕ ДО ЛИДЕРСТВО“
Фондацијата за образовни и културни инцијативи „Чекор по чекор’’ – Македонија објави отворен повик до училиштата за учество во Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ кој се спроведува во соработка со Бирото за развој на образованието (БРО) и Државниот испитен центар (ДИЦ).
Целта на проектот е да се подобрат јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, да се зајакнат педагошките вештини на наставниците, особено вештините за формативно оценување и проценка на нивото на јазична и математичка писменост кај учениците, и да се подигне свеста кај целата заедница за тоа колку е важно описменувањето на рана возраст.
За остварување на овие цели, во првата година од спроведувањето на овој проект ќе бидат избрани 20 пилот училишта во кои ќе се спроведуваат различни активности за унапредување на јазичната и математичката писменост. Истовремено, од училиштата ќе се очекува активно да учествуваат во спроведување на активности во локалната заедница.