Проект „Моето место на живеење - го истражуваме минатото“
Проектот претставува еден вид на културно патување низ минатото и историјата на нашиот град Скопје. Целта беше да се комбинира искуството од „реалниот свет“ со дигитални и не дигитални извори на информации. За време на проектот учениците употребуваа ИКТ технологија, користејќи ги Web 2.0 алатките во стекнување на нивните знаења како и употреба на социјална платформа за учење со цел да се зголеми интеракцијата помеѓу учениците и наставниците и да се развие кооперативна средина на учење. Нивната работа потоа беше публикувана (објавена) на веб страната која ја дизајниравме за да учениците ги објават и презентираат нивните изработки. Активностите кои учениците ги спроведоа беа наменети да ги поттикнат учениците да земат активна улога во нивното учење.
Посетете ја веб страната www.skopjeinvestigatingthepast.weebly.com за да ги видите сите активности кои беа реализирани во рамнките на проектот.
Посетете ја веб страната www.skopjeinvestigatingthepast.weebly.com за да ги видите сите активности кои беа реализирани во рамнките на проектот.
Презентација на проектот пред претставниците на локалната средина
На 17.02.2012 година во нашето училиште беше одржана Галерија - изложба на која беше презентиран проектот пред поканетите гости, родители и колеги од други училишта.
Учество на Форумот на иновативни наставници
На 3 март 2012 г., Проектот на УСАИД за основно образование и Microsoft Partners in Learning, во Македонија го организираше третиот Microsoft Иновативен Форум за наставници. Microsoft Иновативниот Форум за наставници е национален, европски и светски познат натпревар којшто им дава можност на најдобрите наставници да ги практикуваат елементите за учење од 21-от век и потоа да ги вклучат стекнатите вештини во подобрување на учењето со употреба на иновативна технологија.
Наставниците Љубица Ружинска, Дубравка Гешовска, Љубица Давковска и Виолета Ристовска земааа учество на Форумот со овој проект.
Наставниците Љубица Ружинска, Дубравка Гешовска, Љубица Давковска и Виолета Ристовска земааа учество на Форумот со овој проект.