Еко-акција „Изработка на новогодишни украси од еко-материјал“
|
Во периодот од 25-27.12.2013 година во нашето училиште беше спроведена еко-акцијата „Изработка на новогодишни украси од еко-материјал“. Во овој период учениците од I и III одделение и нивните родители беа вклучени во работлницата која беше под менторство на наставниците Александра Ѓеорѓиевска и Маја Захариевска. Тие заедно изработија многубројни новогодишни украси од најразновидни отпадни материјали. Акцијата имаше за цел да се подигне свеста кај учениците, родителите и пошироката јавност за рециклирање на различен отпаден материјал и искористување на истиот за изработка на различни украси кои беа искористени во декорирањето на училниците и ходниците за време на новогодишните празници.
|