Еко акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“
|
На 31.10.2013 година во нашето училиште беа организирани едукативни предавања на тема ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, од страна на службени лица од МВР од отсекот за превенција: Драган Велјаноски и Јасмина Јаначковска. Предавањата беа проследени од ученици од второ и четврто одделение.
Учениците од второ одделение проследија видеозапис ,,Сообраќаен буквар“ и имаа разговор за нивното однесување и опасни ситуации во сообраќајот. Учениците од четврто одделение проследија видеозапис и имаа разговор за велосипедите и нивното возење во јавниот сообраќај на 10 годишна возраст. |