25 - 29.11-2013 Охрид
Одржана е обука за задавање на инструментите за јазична и математичка писменост.
На обуката присуствуваше наставникот Дубравка Гешовска , како координатор на проектот ,,Со читање до лидерство“ во ООУ,,Блаже Конески“-Скопје.
( ЕГРА и ЕГМА) со меѓународниот консултант Јехона Џафери
Одржана е обука за тестатори и набљудувачи кои ќе бидат одговорни за администрација на алатките низ училиштата. Учесниците се стекнаа со практични знаења за користење на таблетот и спроведување на ЕГРА и ЕГМА во пилот фазата во училиштата.
На обуката беа присутни наставници,педагози и психолози од пилот училиштата, претставници на работните групи за ЕГРА и ЕГМА,претставници од Биро за развој на образованието, Државен испитен центар и Државен просветен инспекторат.

ТРКАЛЕЗНА МАСА,, ОТВОРЕНИ ОБРАЗОВНИ РЕСУРСИ-ИСКУСТВА, ПРИДОБИВКИ,ПРЕДИЗВИЦИ, ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА И ИДНИ ЧЕКОРИ
На 19 декември,2013 год. со почеток во 11:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Отворени образовни ресурси - Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“. На настанот поддржан од Фондацијата Метаморфозис, а на кој беше претставена Алијансата за отворени образовни ресурси, присуствуваа 35 учесници од основни и средни училишта, универзитети, библиотеки, невладини организации и јавни институции.
На покана од Тамара Ресавска-Проектен менаџер во Фондација Метаморфозис , на тркалезната маса учествуваше наставникот Дубравка Гешовска.
По воведните презентации, присутните ги разменија досегашни искуства, а се разменија и идеи и препораки за развој на образованието и отворените образовни ресурси.
Присутните дискутираа неколку работи, но дел од отворените прашања се следните:
· Недостатокот на одржливост на проектите за ООР претставува предизвик за да се гарантира дека тие и по завршувањето ќе продолжат да живеат;
· Запознавањето на наставниците со иницијативата за ООР е сложен процес, во кои корисниците треба да се мотивираат да дојдат на оваа платформа наместо да го користат Фејсбук како платформа за комуникација и споделување;
· Пиратеријата како предизвик при покренување на свесноста и ценењето на ООР.
Дел од препораките кои произлегоа се следните:
· Отворениот образовен ресурс не е отворен образовен ресурс доколку не е достапен на интернет;
· Потребно е да се направи корелација меѓу Министерството за образование, отворените образовни ресурси и законските иницијативи;
· Да им се даде шанса на многуте креативни наставници и креативни ученици да се истакне нивниот потенцијал во создавање ресурси преку воспоставување на линк со Бирото за развој на образование;
· Ресурсите кои ги креираат децата во склоп на образовниот процес можат да бидат признаени како нивни авторски трудови и со институционална поддршка да се публикуваат, при што може да помогнат дидактичари кои ќе го редактираат трудот и ќе ги филтрираат содржините;
· Медиумите може да се искористат како средство за промоција на ООР;
· Веб-локацијата www.oer.mk може да претставува еден вид катализатор и агрегатор на ресурси кој понатаму ќе се одржува, а каде сите можат да споделат, преземат и рангираат ресурс.

УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНКЛУЗИВНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
На 6 февруари (четврок) 2014 година, во организација на Британскиот совет во Македонија, а во соработка со Центарот за стручно образование и обука на РМ, Министерството за образование и наука на РМ, и партнерите „Отворете ги прозорците“ и ОБСЕ, се организираше конференција за инклузивно стручно образование во република Македонија. На конференцијата учествуваа над 120 образовни работници од земјава, претставници на институциите на системот, стручните училишта и педагошките факултети и академски институции ширум Македонија.
На конференцијата учествуваа психологот Александра Арсовска Белчовска и наставниците: Дубравка Гешовска,Љубица Ружинска и Ангелина Митева.
За време на Конференцијата, особено внимание беше ставено на сегашните постигнувања во доменот на инклузивно образование и на предизвиците со кои се среќава стручното образование. Учесниците работеа во три групи, според нивните искуства во една од трите категории на инклузија, а во кои разговараа за тековните проблеми и евентуални решенија за подобра инклузија на сите ученици во стручното образование. Од овие дискусии произлегоа конференциски заклучоци кои ќе бидат доставени до сите инволвирани институции за оваа тематика во РМ.
Конференцијата ја отвори заменик-министерот за образование и наука, г-нот Сафет Незири, а свои излагање меѓу другите, имаа претставници од Центарот за стручно образование и обука на РМ и експерт од Велика Британија, Дејвид Крабтри.
Според претставникот од Центарот за стручно образование и обука на РМ, Лепа Трпчевска има цела серија реализирани активности во насока на инклузивно стручно образование, меѓу кои: изработен е „Водич“ за изготвување програми за слободни часови на училиштето во интегрирано образование; изработени наставни програми по стручните предмети за ученици со посебни образовни потреби во посебните училишта за четиригодишно образование; изработена Стратегија за стручно образование и обука во контекст на доживотното учење (2013-2020), и најновиот Прирачник за работа со ученици со посебни образовни потреби.
Експертот од Велика Британија, Дејвид Крабтри, рече дека кај 1 од 5 деца во Англија е идентификувана посебна образовна потреба. Затоа, најдобри резултати во учењето се постигнуваат кога наставниците имаат темелно и детално познавање за потребите на ученикот, како и темелно познавање на наставните стратегии и техники кои ќе му овозможат да разбере на кој начин ученичкиот напредок е под влијание на тешкотиите во учењето и посебните потреби. Тој исто така напомена дека училиштата во Англија имаат обврска кон образовните инспектори и кон родителите да го докажат напредокот на ученикот и да покажат колку училишни средства се потрошени на посебните образовни потреби. Г-нот Крабтри исто така напомена дека учениците, родителите и младите се вклучени во носењето на училишните одлуки за инклузивно образование преку рано откривање на образовните потреби и преку квалитетна настава во која најдобрите и најискусните наставници предаваат на децата со посебни потреби, и на тој начин сите се вклучени во успешната подготовка на учениците за следните развојни стадиуми и за независен живот.
На
Програма на конференцијата
Погледнете ги презентациите од конференцијата:
ПДФ – Мапирање на политики и практики за социјална инклузија и социјална кохезија во Република Македонија, Никица Мојсоска-Блажевски и Маја Ристовска
ПДФ – Дефинирање на инклузивното образование и неговите сегменти, Лепа Трпчевска
ПДФ – Достигнувања на училиштето во развивање на инклузивното образование – АСУЦ „Боро Петрушевски“ Скопје, Соња Ристовска
ПДФ – Искуството на Велика Британија и најдобрата пракса – инклузивно образование, Дејвид Кребтри