Еко-акција „Садење на цвеќиња“
|
На 02.04.2014 година беше реализирана еко-акцијата „Садење на цвеќиња“. Паричните средстава кои беа собрани на продажната изложба на 21.03.2014 година по повод „Македонија земја на розите“ беа искористени за купување на садници кои беа посадени во новата жардињера во училишниот двор. Во жардињерата беа посадени зимзелени ниски дрва, бели рози и неколку вида на сезонски цвеќиња. Во акцијата учествуваат ученици од VI и VII одделение заедно со наставниците Љубица Ружинска, Богданка Барутовска Вељановска, Радмила Јакимовска, домаќинката Вилма Димовска и Бојана Аметовска од техничкиот персонал. Целта на акцијата беше хортикултурно уредување и зголемување на функционалноста на дворот.
|